Премини на содржината

Скопски Квир Центар

Прво и единствено специјализирано советувалиште во нашата земја кое на ЛГБТИ+ луѓето им нуди доверливи, квалитетни и бесплатни услуги, со фокус на менталното здравје.

РАБОТЕН ДЕЛОКРУГ

Накратко за нас

Скопскиот Квир Центар обезбедува бесплатна психосоцијална и правна поддршка за ЛГБТИ+ луѓето и работи на истражување и собирање докази, зајакнување и развој на заедницата, застапување и влијание врз политиките, а со цел унапредување на позицијата и пристапот до човековите права на ЛГБТИ+ заедницата во Северна Македонија.

Поддржете нѐ

Поддржете ја нашата работа со парична донација во рамките на Вашите можности. Уплатата можете да ја направите со платежна картичка преку eCrowd – краудфандинг платформа за граѓански организации во Македонија.

250+

КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА

1500+

ИСПОРАЧАНИ УСЛУГИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА

40

ДОБИЕНИ ПРЕТСТАВКИ ПРЕД КСЗД ВО КОИ БИЛО УТВРДЕНО ДИСКРИМИНАЦИЈА

Бесплатни услуги

Скопскиот Квир Центар овозможува целосно бесплатни услуги за ЛГБТИ+ луѓе, со загарантирана анонимност на клиентите. За да пристапите до нив, јавете се на телефонскиот број 075/314 123. Националната ЛГБТИ+ линија, пак, е достапна на телефонскиот број 075/24 11 24.

Психосоцијална поддршка

Центарот нуди психолошко советување и психотерапија, групна психотерапија, психосоцијална поддршка на терен, придружување од социјален работник, информирање и упатување.

Правна помош и советување

Во рамките на нашиот правен сервис, во соработка со правници и адвокати, обезбедуваме сеопфатни услуги на правно советување и информирање, правна помош и застапување на ЛГБТИ+ луѓе.

Национална ЛГБТИ+ линија

На линијата можете да добиете анонимно и доверливо советување за ЛГБТИ+ луѓе, нивните семејства, пријатели, но и стручни тимови од училиштата и центрите кои имаат контакт со ЛГБТИ+ луѓе.

Прифаќање на нашите ЛГБТИ+ деца

Овој татко повеќе години гради мост на поддршка со својот геј син. Погледнете го неговото сведоштво – од негодување до помирување и прафаќање на фактот дека нивното дете е различно – во видеото изработено во соработка со „Види Вака“.